Трагична вест за смртта на младата Медиха Муратовиќ (20) вечерва стигна од босанска Краина.

Младата девојка била примена во болницата во Бихаќ поради бактерии во стомакот, а потоа се’ се искомплицирало. Таа паднала во кома, а потоа ѝ немало спас, објавија вечерва босанските медиуми.

Ермин Кариќ, познат хуманитарец од Сански Мост се огласи по смртта на Медиха. Рече дека му било тешко како никогаш досега. Тој раскажа и како Медиха страдала во текот на животот, дека животот не ја галел.

– Од понеделникот, вели нејзиното момче, ја носеле по болници додека не паднала во кома. Вечерва оваа прекрасна мила душа, отиде на подобар свет. Пишувам, но немам здив, се тресам од тага, не ми се верува драга Медиха – изјави Кариќ.

Пријателите и познаниците се збогуваат со Медиха преку социјалните мрежи. Велат дека била симбол на борбата за живот, дека многу страдала, но не се откажала.