Пожар избувна на улицата Почитељска во Загреб ноќеска околу два ипол кога експлодираше хибриден автомобил.

– Бев будна кога експлодираше – изјави читателка на портал 24sata.hr.

Загрепчани во понеделникот рано наутро ги разбудила експлозија на улицата Почитељска, при што се запалил паркиран автомобил, велат читатели на споменатиот портал кои ги испратиле и снимките.

– Живеам од другата страна на улицата, се слушна пукање на гума. Бувна одеднаш пламен, луѓето брзаа да ги препаркираат своите автомобили подалеку од него. Пожарникарите дојдоа брзо, беше околу 02:30 часот – раскажа читател кој бил сведок на непријатната сцена.

Загрепските пожарникари потврдија дека ноќеска околу 2 часот и 40 минути се упатиле на интервенција во улицата Почитељска, каде настанал пожар и експлозија на хибриден автомобил.

– Штетата се уште не е проценета, а се однесува на опожарен автомобил Smart ForTwo на непознат сопственик, а оштетен е и паркиран автомобил паркиран во непосредна близина VW Polo, известуваат од ЈВП Загреб и додаваат дека пожарот го пронашле во распламната фаза.