Црна Гора е омилена дестинација за одмор на многу граѓани од регионот, но се чини дека најголем број туристи на црногорското приморје има од Србија, каде туристите во моментов ги поминуваат своите летни одмори.

Иако од една страна сопствениците на локали и угостителски објекти на црногорското приморје велат дека се незадоволни и лути на српските туристи затоа што не доаѓаат во кафулиња и ресторани туку претежно престојуваат на плажите на пешкири, од друга страна дел од српските туристи пак се незадоволни од услугата на угостителите во Црна Гора.

– Никогаш не сме имале толку кутри гости од Србија. Тоа не се „патлиџан“, туку тоа се „паштета“ туристи. Не сакаат ни зеленчук, доматите им се луксуз. Се жалат на сешто и се’ им е скапо. Ужас! – изјавија неодамна за медиумите угостителите од црногорското приморје.

Меѓутоа, српскиот турист В.Ѓ, (23) вели дека бил, во најмала рака, изненаден од реакцијата на келнерот во ресторан на Словенската плажа во Будва кога седнал да пие кафе.

– Стигнав на плажа околу пет часот попладне. Требаше да чекам да дојде девојката, па да седнеме во ресторанот и да ручаме. За тоа време седнав во каффулето да се напијам кафе и пијачка да се освежам малку бидејќи беше премногу топло. Зедов маса надвор и ми пријде келнерот. Порачава кафе и цеден портокал, раскажува В.Ѓ. и додава:

– Меѓутоа, штом го кажав тоа, келнерот ме пресече со реченица, велејќи ми дека не можам сам да седам на маса и да пијам кафе и пијачка, туку дека ако сакам да останам таму, морам да нарачам храна исто така.

Туристот вели дека таа реченица и тонот на келнерот го налутиле и шокирале.

– Во истиот момент станав од масата и заминав. Не ми се верува дека така се однесуваат со гостите. Ја чекав девојката и отидовме во друг ресторан да ручаме. Не сакав повторно да влезам таму поради грубоста на келнерот кој грубо ме извести дека не можам да бидам на маса и „само да се напијам“. Ова сè уште не ми се случило, раскажува тој.