Снимка на маж од Франција стана вирална благодарение на „скокот на смртта“ кој тој се обиде и успеа да го изведе на воден тобоган.

Како што може да се види на видеото кое кружи на интернет, човекот храбро и ризично се втурнал во воден тобоган, качувајќи се дури горе на платформата.

Потоа скокнал на тобоганот, фрлајќи се надолу со неверојатна брзина и поради зголемениот импулс, се лансирал во воздух, достигнувајќи околу девет метри височина пред да „плесне“ во водата со огромна сила.

Од скокот сепак не излегол, неповреден бидејќи телото му било покриено со модринки.

Всушност, на местото на настанот имаше и толпа луѓе кои гледаа и не можеа да им веруваат на своите очи, ги извадија мобилните телефони и го снимаа човекот и скокот што тој го направи. На крајот на краиштата, видеото од скокот стана вирално, надминувајќи 28 милиони прегледи!

Секако, вреди да се напомене дека човекот кој се осмелил на ова не е некој случаен лик, туку е познат по прекарот „La Mascotte“ и често учествува во такви подвизи. Има над 66.000 следбеници на Инстаграм.

Всушност, тој ги поставува овие видеа и на својот профил на социјалните мрежи.