На социјалните мрежи повторно кружи видео старо две години на кое се гледа неверојатниот момент кога жена скокна во морето каде ја пречека ајкула долга околу 2,5 метри.

Оваа Американка, подоцна идентификувана како Изо Мачадо, го прославувала својот роденден на јахта во куќата на пријател, кога решила да се спушти на голем тобоган на надувување што води директно во морето.

Меѓутоа, таму ја чекало непријатно изненадување – ајкула која ѝ се доближила само метар или два.

„О, Боже, мамо. Немој да полудиш. Не паничи“, ѝ вика синот, а жената навистина успеала да остане смирена. За среќа, целата ситуација завршила без фатални последици, ајкулата едноставно го променила правецот, а Изо безбедно се вратила на јахтата.