Невидено чудо се случи во Берлин, Германија, во дел од градот наречен Шарлотенбург. Имено, многу Германци направиле линија од неверојатни 150 метри само за да го видат станот кој е на продажба!

Имено, како и секаде во Европа, така и овие денови е тешко да се најде пристоен стан, а исклучок не се ниту луѓето кои живеат во Берлин. Направена е редица до 150 метри за да се види еден стан, пишува Exberliner.

Но, тоа гледање било прекинато поради големата гужва која беше растурена бидејќи понудата била многу примамлива: трособен стан во добро соседство се издавал за „бедни“ 1.074 евра (74 квадрати).

Голема е побарувачката за станови во Берлин, а овој оглас стана вирален и беше прегледан над 600 пати на страницата за огласи, а линијата што ја формирале Германците била долга 150 метри.

Гледањето на станот морало да се прекине по еден час откако се создала огромна редица бидејќи организаторите на гледањето, односно агентите не знаеле дека ова е добра понуда, но за жал сите заинтересирани не моеже да го погледнат станот.

Според веб-порталот за недвижности Imovelt, кириите во Берлин се зголемени за 27 отсто само во последните три месеци.