Согласно со Законот за празниците на Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2023 година неработни денови се:

За сите граѓани на Република Македонија:

• 17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, • 21 април (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, • 1 мај (понеделник), Ден на трудот • 24 мај (среда) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, • 2 август (среда), Ден на Републиката, • 8 септември (петок), Ден на независноста, • 11 октомври (среда), Ден на народното востание, • 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба • 8 декември (петок), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед

• 14 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, • 17 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, • 2 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, • 28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

• 10 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, • 1 ноември (среда), Празникот на сите светци, • 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 28 Јуни (среда), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ • 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука. За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ • април (сабота), Меѓународен ден на Ромите. За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ • 23 мај (вторник), Национален ден на Власите, За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ • 25 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур, За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ • 28 септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците, За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ • 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.