Зоран Витанов е еден од сопствениците и основачите на Трејд Консалтинг, компанија која нуди услуги во областа на економијата и финансиите. Голем дел од своето професионално работно искуство го има стекнато преку многубројни тренинг програми одржувани во земјава и во странство, од кои сите се однесуваат на различни области и теми.

Важи за еден од најдобрите скономски познавачи кои Македонија ги има. Активен е на социјалните мрежи, каде со својата најнова опбјава им порача на своите следбеници, но и на сите останати да се ослободат од доларот, бидејќи според него, оваа валута ќе паѓа во следниот период.

– Соединетите СЕВЕРНОамерикански Држави за 215 години се задолжија 7.000 милијарди долари, а сега за само 27 месеци се задолжија уште ТОЛКУ!!! Ослободете се од доларите!, напиша Витанов. На прашање во коментар на еден од неговите следбеници „Дали доларот ќе паѓа?“, Витанов кратко одговара „ДА“.

Преку функционер во извршната власт и пратеничка позиција – до бизнисмен кој сега го освојува балканот. Зоран Витанов, економист, својата политичка кариера ја започнува во 2001 година, кога беше именуван за заменик министер за економија.

Во неговото политичко “досие“ се вбројува и пратеничкиот мандат 2006/2008 година, период во кој тој е и член на парламентарната комисија за финансии и буџет и парламентарната комисија за транспорт, градежништво и економија.

Во октомври 2003 станал потпретседател на Социјалистичката партија на Македонија(СПМ), каде што остана до декември 2007 година . По неговото повлекување од политичката сцена, Витанов се посветува на консалтингот и бизнисот.