Дваесет и пет лица синоќа се здобиле со изгореници откако се движеле по загреан јаглен како дел од тим билдинг во Швајцарија. 13 од нив поради тежината на повредите се пренесени во болница.

Инцидентот се случил откако група луѓе на полуостровот Ау јужно од градот Цирих решиле да одат боси по слој жар долг неколку метри. Многумина почнале да чувствуваат болка набргу потоа.

Пристигнале 10 амбулантни возила

Поради изгорениците, околу 18 часот на местото пристигнале 10 возила на Брза помош. Засега не е познато дали луѓето се здобиле со изгореници поради начинот на кој бил поставен жарот или едноставно на погрешен начин оделе преку него, пишува Би-Би-Си.

Одење по слој врел јаглен често се изведува за време на мотивациони курсеви, на добротворни настани или за време на верски церемонии.