Страстите околу настапот на Јелена Карлеуша на Роштилијадата во Лесковац не стивнуваат и по завршувањето на долгонајавуваниот концерт.
И додека Јелена е воодушевена од приемот и одзивот на публиката, од друга страна, оние кои биле против тоа пејачката да настапи на оваа традиционална манифестација се згрозени од нејзиниот провокативен настап, за кој, наводно, Градот Лесковац на Карлеуша ѝ платил дури 20.000 евра!
На Твитер се појавија бројни коментари со осуда на концертот на Јелена, каде се шират фотографии и снимки, со прашање дали овој настап е адекватен за детска возраст.
– Претстава во Лесковац во режија на Ј.К. Тапкање по гол задник – адекватна програма за малолетните деца кои дојдоа да ја гледаат. Па лесковчани, што дозволивте! Сакам да слушам музика, а не да гледам стриптиз! – пишува во дел од твитовите.
На некои им пречело што концертот бил платен 20.000 евра.
– Градот Лесковац на ова суштество со г*з му плати 20.000 евра. Тоа се случи, иако лесковчании јавно се противеа – пишува еден твит.
Инаку, Карлеуша веднаш по концертот почнала да објавува слики и видеа од Лесковац, со голема благодарност до сите што биле таму.
– Каква ноќ! Благодарам Лесковац! Посилни од дождот, посилни од молњи и громови, посилни од мразители! Цел југ на Србија синоќа дојде да пееме и уживаме заедно. Какви фанови имам јас, никој нема! Ви благодарам многу! – напиша Карлеуша на Инстаграм.
Да потсетиме, Карлеуша на конференцијата по повод концертот открила дека нејзиниот најавен хонорар од 20.000 евра нема да биде платен, туку дека сите пари биле вложени во нејзиниот сценски настап. Таа на концертот се појави со чанта од 1.600 евра, а во минијатурниот костум се пресоблече во камп приколка во близина на бината, објави српски Курир.
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
Be the first to write a comment.