Вечерва се комплетираше групната фаза во Лигата на шампионите, а посебно интересна ситуација видовме во групата Х.

Во оваа група во осминафиналето продолжија ПСЖ и Бенфика. Јувентус како трет продолжи во Лигата на Европа, а Макаби остана последен. Јувентус и Макаби имаа по три бода, а ПСЖ и Бенфика по 14.

Неверојатно беше што не само ист број на бодови ПСЖ и Бенфика имаа ист меѓусебен дуел, двете средби завршија 1:1 и идентична гол разлика (16 постигнати, 7 примени голови).

На крајот како првопласирана заврши Бенфика и тоа само поради поголемиот број постигнати на гостински терен.