Медиумите од Црна Гора објавија дека неколку полицајци среде улица го претепале поранешниот фудбалер на Вардар, кој сега игра за Искра, Дамир Којашевиќ.

Црногорскиот репрезентативец кажа дека инцидентот се случил во петокот и најави дека ќе ги тужи напаѓачите, кои без причина го нападнале.

„Се движев кон училиште по син ми, а потоа група полицајци вклучи ротационо светло за да ме запрат. Го претресуваа моето возило, а потоа им кажав дека не сум направил прекршок. Тие ме нападнаа и ме удрија неколку пати. Ништо не направив, а сега имам видео-снимка со која ќе ги тужам“, вели Којашевиќ.

Којашевиќ го носеше дресот на Вардар во 2016/17 и притоа настапи на 40 натпревари и постигна 13 голови.