Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во Средоземното Море, вечерва во 20 часот и 55 минути предизвика вознемиреност кај жителите на Малта.

Епицентарот на потресот бил на 113 километри од главниот град на Малта, Валета, помеѓу државата и африканското копно, а според ЕМСЦ, тој бил почувствуван низ цела Малта.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри, а освен на Малта, почувствуван е и на италијанскиот остров Сицилија.

Во последниот месец на Малта беа регистрирани серија потреси со магнитуда од 4 до 5 степени, а експертите велат дека островот не е вообичаено место на кое се забележува ваква тектонска активност.

Малтешките медиуми, соопштија во последните сто години на островот и околу него немало регистрирано земјотрес посилен од 5 степени по Рихтер.