Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Лефкада.

Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина соопшти дека земјотресот се случил на оддалеченост од 287 километри западно/северозападно од Атина.

Епицентарот на земјотресот бил лоциран во морското подрачје на осум километри западно/југозападно од градот Василики Лефкада.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар соопшти дека земјотресот бил со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала, но грчките податоци покажале дека бил послаб – 4,3 степени.

Лефкада е грчки, јонски остров, многу популарен меѓу туристите.