На 36-годишна возраст почина поранешната учесничка на натпреварот Survivor Хана Стаматовиќ, објави „Телеграф“.

Имено, таа починала во раните утрински часови, по тешка битка со ракот.

Бројни пријатели и роднини се збогуваат со Хана преку социјалните мрежи, во вид на потресни објави.

Погребот ќе се изврши на 12 ноември на Новите гробишта во Белград.

Да потсетиме, Хана Стаматовиќ беше мастер психолог и овластен психотерапевт, а се занимаваше и со танц.