Новиот фудбалер на Борусија Дортмунд, Себастијна Алер има тумор на тестисите, објави германскиот клуб.

Голгетерот не се чувствувал добро и го напуштил тренинг-кампот во Бад Рагаз. По направените тестови утврдено е дека Алер има тумор на тестисите.

Репрезентативецот на Брегот на слоновата коска летово пристигна во Дортмунд од Ајакс за 31 милион евра. Претходно во кариерата играше и за Вест Хем, Ајнтрахт Франкфурт, Утрехт и Оксер.