Садио Мане мораше накратко да ги прекине летните подготовки со Баерн Минхен и да замине за Мароко, каде изминатава вечер се додели наградата за најдобар африкански фудбалер.

По вторпат во кариерата, Мане го доби најпрестижното индивидуално признание во Африка, откако доби најмногу гласови во тесната битка со Мо Салах од Ливерпул и Едуард Менди од Челси кој е негов соиграч во репрезентацијата.

Мане се најде во прв план ова лето поради милионскиот трансфер во Баерн Минхен, но сега добива награда за изданијата кои ги имаше во Ливерпул, што е второ вакво признание за него по она во 2019-та година.

– Баерн никогаш претходно во својата богата клупска историја немал најдобар африкански играч во својот тим. Ова е посебна чест за нас како клуб и горди сме што не избра нас. Очекуваме многу голови од него, – изјави Оливер Кан, извршниот директор на Баерн.

Интересно видео пристигна и од церемонијата во Мароко, каде новинарката го запраша дали по второто признание се чувствува како „крал“ на Африка, по што скромниот напаѓач возврати.

– Не, јас не сум кралот…, – возврати Мане.