Големо невреме проследено со грмежи, ветер, пороен дожд и град денеска попладне го зафати Балканскиот полуостров. Покрај во Македонија и Србија, силно невреме ја зафати и Босна и Херцеговина, посебно подрачјето околу Сребреница, каде паѓаше град со големина на јајце.

– Градот со големина на јајце и силниот ветер за кратко време предизвикаа непроценливи штети на посевите, особено на плантажите со малини кои се во полн ек, како и на овоштарниците од секаков вид, кои годинава родија како никогаш досега, објави порталот „Аваз“.

Потоците и реките надојдоа од обилните врнежи. Големото невреме предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија во месноста Скела, Крагљиводе, Токољак, Осат, Црвица и други места, а има и оштетени станбени и други објекти.