Во емисијата „Брак на невидено“ пред камерите се најдоа Дијана и Ален, а свадбата доби целосен пресврт од она што се очекуваше. Во шоуто, оваа двојка привлече големо внимание кај гледачите – таа сака пластични операции, а тој веќе е дедо на 48 години.

Имено, Дијана (38) работи на брод за крстарење, има син од вонбрачна заедница и десет години не живее во Србија, а тој се развел по 19 години брак и има два сина.

Четири пати била верена, по професија е медицинска сестра, но пред три години се вработила на брод за крстарење. Таа е од Ниш, шест години живеела во Швајцарија, сега живее во Германија, а открила дека нејзината плата е меѓу 3 и 5.000 долари и вели дека потенцијалниот избраник мора да има плата од 5.000 евра!

Сака да вложува во својот физички изглед, а вели дека направила само операција на градите, бидејќи устата и хијалуронот „не ѝ се бројат“. Само опасни, крупни и интелигентни момци и го привлекуваат вниманието и таа вели дека мрази досадни мажи.

Ален Симиќ по професија е рударски техничар од Медвеѓа, невработен, пет години разведен, има два сина, две снаи и еден внук! Тој бил во брак 19 години и никогаш не се заљубил на прв поглед, а најважно му е сопругата да не го лаже. Како што рече, ова е неговата шанса да стави точка на своите 50 години.

Таа не сака момчиња од југ, а тој не сака плавуши, па пред матичар и рекол на кумата дека таа и невестата треба да ги заменат местата. На крајот наместо „да“, имаше меѓусебно „не“, а причините се руса коса, премногу пластика, различни ставови…