Вниманието на многумина го привлече веста за таткото и синот стоматолози од Франција кои беа осудени на затворски казни поради недолично работење.

Сепак, судејќи според коментарите на социјалните мрежи, причина за тоа повеќе била полицајката која ги привела таткото и синот отколку загриженоста за здравјето.

Фотографиите на француската полицајка станаа вирални на социјалните мрежи и станаа вирален хит, а многумина се запрашаа која е атрактивната припадничка на француската полиција. Се чини дека тоа е Надин Џеласа од Ница која моментално работи во полициската станица во Марсеј.

Надин е активна на социјалните мрежи, но само нејзиниот TikTok профил е отворен за јавноста.

„Приведете ме и мене“, „Ми доаѓа да направам какво било кривично дело“, „Би одел на доживотен затвор за неа“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи во моментов.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

И да потсетиме на вистинската вест. Таткото и син стоматолози Жан-Клод Карно (71) и Лајонел Гуеџ (42) од Марсеј, Франција, се осудени на затворски казни поради несовесно работење. Синот добил осум години затвор, а таткото пет, пренесува Le Telegramme.

Тие биле прогласени за виновни за осакатување на стотици пациенти во текот на шест години. Судијата изјавил дека дуото вовело систематизирани третмани кои ги уништувале животите на луѓето, оставајќи ги без насмевка и во неподнослива болка.