Голема трансформација на Милан Станковиќ! Пејачот пушти брада и коса, сега е речиси непрепознатлив.

Милан Станковиќ веќе некое време не настапува како порано, а според сопственото признание успеал да го најде толку потребниот мир во својата вера.

Тој со задоволство сподели дел од своето патешествие со својата публика преку социјалната мрежа Инстаграм, каде што сега, после три месеци изненади со нов имиџ. Во минатото, Милан не беше тешко да се препознае на улица.

Сега, освен што повеќе не носи облека со светли бои, ја подрасна косата и брадата и значително го промени својот изглед. Според коментарите, тој дури и малку се здебелил, но повеќе од очигледно е дека му се допаѓа новиот начин на живот.

Да потсетиме, тој во едно од своите последни големи интервјуа за „Објектив“ објасни на што и како се стреми сега.

– Крстен сум како бебе за да преживеам, а во мојот краток живот преживеав многу. Сите имаме аспирации, желби, планови, успеси, идеи. Господ ми даде големи дарови, а со тоа доаѓа и голем крст. Но, во лудилото на ова време, духовно слепи, глуви и неми, сите грешници, паднати по природа, сите ние неминовно сериозно пропуштаме и задоцнето чувствуваме дека без Логосот Божји, животот нема живот и смисла. Тоа го потврдија сите кои сериозно го сфаќаат животот. Сите науки, филозофии, револуции, идеологии се ограничени од рамката на создаденото, без пристап до тајните на Создателот, причината. И сè на крајот завршува со Господ, бидејќи сè се создаде преку него – зборуваше Милан.