Јелена Голубовиќ крие дека влегла во реалното шоу „Задруга 6“ за наводно да го врати долгот за кредитот што го подигнала за да му помогне на сега веќе поранешното момче, пишуваат српските медиуми.

Според гласините, Јелена во последните шест месеци наводно била во врска со момче, на кого му требале пари за да го прошири бизнисот, а таа му се понудила да му помогне, поради што наводно завршила во психијатриска болница бидејќи тој ја изневерил и побегнал Србија.

– Кога Јелена лудо ќе се заљуби би направила се за таа личност. Така постапила сега, а за да му помогне на својот љубовник да го прошири бизнисот, подигнала кредит од 25.000 евра и му дала пари, а после тоа тој едноставно се изгубил. Човекот исчезнал, го сменил телефонскиот број, ја напуштил Србија и Јелена веќе не можела да го најде. Потоа доживеала нервен слом, било толку лошо што мајка ѝ морала да ја однесе на психијатар каде примила соодветна терапија. Паднала во депресија, бидејќи самата не можела да верува што ѝ се случува и дека е измамена и оставена на таков начин, а дека целата приказна што нејзиното момче и раскажало за огромни недвижнини и бизниси е всушност една голема лага, објаснува извор близок на Јелена, а пишува Стар.

– Еден месец Јелена не можеше да излезе од својата соба, беше бескорисна. Потоа доби повик од „Задруга“ кога сфати дека тоа е единственото решение за нејзините моментални проблеми. Таа самата знае дека никогаш не може да ја врати оваа цифра сама и дека ќе ја изгуби викендицата во Авала (во која вложила 300.000 евра) која ја ставила под хипотека кога подигнала кредит. Затоа влезе во реалното шоу за да го врати долгот на дечкото на кој му верувала и во кого таа буквално се колнела. Сега мора да издржи се и сешто во Задруга, за да го врати долгот кон банката и да ја спаси викендицата што ја градела и уредувала со години, вели изворот.