Обдукцијата е готова, но што стои во неа ние не знаеме, се жалат родителите на петгодишната Јана Христовска која почина пред повеќе од еден месец откога прими инфузија со гликоза во болницата во Битола. Тие вечерва испратија реакција до „Макфакс“ во која велат дека се оставени без одговори од институциите, но најавуваат дека нема да се откажат од барањето правда.

„Обдукцијата е готова…. испратена во судска медицина, после неколку дена судска медицина се уште не го добила наодот од обдукцијата на Јана. Поминаа цели 2 месеци, а вие уште не вртите.. За 7 дена за 10 дена, најкасно за 2 недели обдукцијата ќе биди готова…ни мачкате очи за да го прикриете нејзиното злодело.Ако дотичната докторка, инаку сопруга на судија од основен суд Битола… ќе ги користи контактите на сопругот за да го испери злоделото која е крива за целата ситуација нема вина нека се изјасни јавно како што ние јавно излеговме и кажавме се до детал. Сега, кога веќе обдукцијата е готова, ние уште ништо не знаеме. Работата е очигледна, зошто толку се одолговлекува? Но ние нема да се откажиме!! Што и да пишува на наодот од обдукцијата одговорност ќе се сноси по било која цена!! За најголемата загуба што ни е нанесена нас како родители, за претрпениот стрес и вечната болка која ќе ја носиме со нас цел живот!! Но ние нема тука да застаниме, тоа е едно, и сигурно ќе одиме до Крај!! Излегувате со изјаснување дека ќе работите најсовесно и најбрзо заради голем интерес на јавноста, но кој ќе ви поверува?? Ни ја зедовте ќерката од раце!! Се додека дишиме нема да се откажиме!!!“, велат родителите за „Мафакс“.

Битолското обвинителство извести дека ги добило наодите од обдукцијата, но за конечена одлука ќе чека да се изјасни Институтот за судска медицина каде ја испратиле целопкупната документација за случајот на Јана.