Повеќе од 30 часа трае потрагата по 28-годишниот Мартин од Македонија кој во саботата исчезна во водите на Егејското Море кај Посиеди, на првиот крак на Халкидики.
Неговите двајца другари Васил и Иван се пронајдени и се надвор од животна опасност. Денеска на Халкидики се очекува да пристигне и семејството на Мартин од САД, јавуваат грчките медиуми.
Во саботата попладнето, по роденденската забава за Иван (30), тројцата другари, и Васил (25) и Мартин, решиле да се избањаат кај Посеиди, плажа Мити.
Спасувачките екипи Васил го пронашле неколку часа откако исчезнале другарите, а Иван после 19-часовна потрага.
Be the first to write a comment.