Зоран Марјановиќ, по апсењето во семејниот дом во Борча, е приведен во СУП. Марјановиќ е видно очаен, нерасположен и изгледа како да ѝ се „предал на судбината“, пишува Блиц.рс.
Марјановиќ бил внесен во СУП од страна на инспектори кои го држеле за раце, со лисици и држејќи само една мала зелена кеса со неговите работи.
Зоран Марјановиќ, осуден за брутално убиство на пејачката и негова сопруга Јелена Марјановиќ, облечен во црна маица, тренерки и патики, со очаен израз на лицето, е внесен во зградата на полицијата.
Марјановиќ немал толку загрижен израз на лицето ниту на денот кога го пријавил исчезнувањето на Јелена на насипот во Црвенка кај Борча.
Тој ќе биде во оваа зграда до завршување на документацијата, по што ќе биде префрлен во Централниот затвор.
Неговата девојка Зорица, која направи хаос и во судницата и при апсењето, извесно време седеше во автомобилот пред полициската станица, а потоа се врати дома во Борча. Истото го направиле и синот и братот на Зоран.
Be the first to write a comment.