Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера во местото Тржац кај Цазин во Босна и Херцеговина, а возачот на Голфот починал на пат кон болница.

Оваа информација за порталот „Аваз“ ја потврди Аднан Бегановиќ, портпарол на МВР.

– Во несреќата учествувале автомобил Голф 2 и товарно комбе. Возачот на Голфот починал на пат кон болница, додека возачот на комбето се здобил со повреди – изјави Бегановиќ за „Аваз“.

Возачот на Голфот по несреќата останал заробен во возилото и бил извлечен од припадници на Противпожарната бригада Цазин, кои морале да го исечат автомобилот за да го извлечат.

За жал, возачот починал на пат кон болница.

📸

📸

📸

📸

📸

📸