Починал младиот човек кој вчера побара помош на Панонските езера кај Тузла, потврдија за Тузла.инфо од Итната медицинска помош. Станува збор за 26-годишен млад човек со иницијали С.З. од Сапна, кој како што дознава Тузла.инфо, починал во амбулантното возило откако бил реанимиран.
Причина за смртта е срцев удар, а младиот човек наводно и претходно имал здравствени проблеми.
Потсетуваме, младиот човек побарал помош откако влегол во водата. Лекарите од Итната медицинска помош пристигнале за неколку минути и го реанимирале околу половина час.
Панонските езера се една од хит дестинациите за летен одмор на Балканот во последните години. Се работи за неколку вештачки езера во центарот на Тузла, во Босна и Херцеговина, кои годинава имаат рекордна посета.
Првото езеро е изградено во 2003 година, а подоцна постепено се градеа и останатите. Водата во нив е солена затоа што Тузла лежи на резерви камена сол и со децении го снабдува целиот регион со сол за јадење.
Локацијата на оваа атракција е погодна, центарот на градот е во близина а тука се и „солената неолитска населба“, спортските терени, солените водопади и други содржини за туристите.
Оваа година расте бројот на гости од соседните земји, од Хрватска, Србија, но и од земјите во Европа особено од скандинавските – од каде главно доаѓаат иселеници од Балканот.
Некои од капачите веруваат дека водата, поради високата заситеност со сол, има и лековити својства.
Be the first to write a comment.