Едно лице загина, а 24 се повредени при превртување на автобус на автопатот Лесковац-Ниш. Како што пренесува Нова.рс, загинала жена со идентитет Нина Н., инаку туристички водич.

Жената починала на лице место, а екипата на Итна помош само можела да ја констатира смртта по пристигнувањето на местото на настанот.

Во несреќата се повредени 24 лица. На повредените им била укажана помош во неколку болници. Две лица се тешко повредени, а меѓу повредените има и две деца.

Несреќата се случила утрово околу 5 часот, кога се превртел автобус со сомборска регистрација. Според првите информации, патниците се враќале од Грција.

Зад воланот на автобусот бил Миле Ж. (57). Засега не се знае под кои околности се случила несреќата.