На патот Крупац – Бјелашница во Босна и Херцеговина шест лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа, потврдија од Оперативниот центар на МВР на кантонот Сараево.

Како што се наведува, несреќата се случила во 12 часот и 15 минути. Повредените се пренесени за укажување помош. Во несреќата учествувале возило ЕУФОР и теренско возило со странски регистарски таблички.

На лице место била Џана Капиќ, претседател на подмладокот на Црвениот крст на Федерацијата Босна и Херцеговина. Таа е сертифициран инструктор за прва помош и од неодамна доктор по медицина. Таа успеала да помогне и да ги санира тешките повреди во несреќата.

Џана Капиќ

Имено, во несреќата се повредени шест лица, а Џана храбро им пришла на помош до доаѓањето на Брзата помош. Станува збор за дислокации на раката, скршен нос, отворена повреда на главата, крварење на ногата, како и сомнителна повреда на рбетот и состојба на шок.

– Имаше многу крв, еден автомобил беше во провалија. Штом видов за што се работи, ги собрав кутиите за прва помош од сите автомобили, ги прегледав сите луѓе и почнав да се грижам за најитните ситуации. Веднаш повикав брза помош и побарав повеќе возила – вели Џана, која прва помош почна да учи во основно училиште.

Ова е еден од показателите зошто е важно да се научат техниките за прва помош и секогаш да може да се пружи основна помош до доаѓањето на стручните тимови.

📸

📸

📸