Младиот фудбалер Немања Б.(16) загина, а четворица негови пријатели се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи во петокот вечерта во местото Совљак, недалеку од српската градска населба Уб, кога нивниот автомобил излетал од патот и се превртел.

– Несреќата се случила околу 22 часот и 30 минути, кога автомобилот Ауди А6, кој се движел од правец Новак кон Уб, излетал од патот. Се претпоставува дека излетувањето се случило поради несоодветна брзина и лоши услови на патот, бидејќи во тој момент беснееше невреме. Автомобилот преминал на спротивната лента на патот, влетал во каналот, се превртел и завршил на покривот – вели изворот и додава:

-Покрај несреќниот Немања Б.(16), со тешки телесни повреди се здобиле В.Ј.(19), Ј.М.(18) и М.М.(19), додека девојката И.Р.(18), за која се дека била зад воланот, иако за сега не е официјално потврдено, се здобила со полесни повреди.

Како што раскажуваат соседите, несреќните тинејџери пред несреќата сакале да се провозаат и да го поминат времето, бидејќи на нивното место немало струја поради силно невреме.

– Синоќа имаше невреме во нашиот град, па снема струја. Најверојатно им било досадно, па отишле да се прошетаат. Кога се движеле, сретнале сосед, кој ги прашал: „Деца, каде одите кога има вакво невреме?“. Му рекоа дека одат на кратко возење и наскоро ќе се вратат дома. Подоцна слушнавме дека момчето од селото загинало, а останатите се повредени. Немања беше фудбалер, тренираше за клуб од Уб, велат тие.