НЕЗАПАМЕТЕНА спортска трагедија се случи на кошаркарски собир на основни училишта во американскиот Вермонт.

Имено, во текот на играта дошло до огромен конфликт меѓу родители кои ги гледале своите деца, а во таа прилика еден маж починал како последица на тешки повреди.

Станува збор за човек по име Расел Жиру, кој се пожалил на повреди по брзата полициска акција. Итно бил пренесен во болница, каде од ударите кои ги добил во тепачката починал.

Еден родител успеал да ги сними сцените од бруталната тепачка.

– Ми треба да го споделите видеото од кошаркарскиот натпревар на ќерка ми во основно училиште. Родителот е убиен. Што не е во ред со оваа земја – напиша тој на Твитер.