Товарен воз удри две деца во западна Германија, при што едното почина на лице место, а другото е тешко повредено.
Според информациите, загинатото дете е десетгодишно момче, а повреденото има девет години. Несреќата се случила во Реклингхаузен, во областа Рур.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, возот ги влечел момчињата неколку стотици метри.
На повреденото момче му е извршена операција и неговиот живот повеќе не е во животна опасност. Се истражуваат причините за несреќата.
📸
📸
📸
📸
Be the first to write a comment.