Шефицата на црногорското Вишо државно обвинителство Лепа Меденица за порталот РТЦГ потврди дека Ненад Калуѓеровиќ од Цетиње одговорил на поканата на Вишото државно обвинителство за распит.

Меденица соопшти дека рочиштето во моментов се води во својство на граѓанин.

За потсетување, Вишото државно обвинителство во Подгорица отвори предмет за вчерашниот настан во Цетиње, изјави шефицата на тоа обвинителство Лепа Меденица.

Таа во изјавата потсетува дека Вук Бориловиќ со огнено оружје убил 10 и ранил 6 лица, а потоа бил убиен.

– Така што дури по преземање на сите неопходни мерки и дејствија кои се во тек, со цел целосно расветлување на предметниот инцидент и вршење вештачења по наредба на ова обвинителство, како и сослушување на очевидци, ќе се дојде до докази за тоа кој го лишил убиеот од живот, се наведува во соопштението на обвинителството.

Сè уште се чека извештајот од обдукцијата кој ќе покаже кој точно го испукал смртоносниот куршум кон Вук Бориловиќ, масовниот убиец од Цетиње кој во својот крвав поход уби 10 свои сограѓани.

Според засега непотврдени информации, тој бил убиен од сограѓанинот Калуѓеровиќ, откако претходно полицијата го ранила, а обдукцискиот извештај ќе ги отстрани сите сомнежи.

Како што пренесува „Вијести“, обдукцијата покажува дека имало најмалку пет влезни рани, а со кое оружје се пукало во Бориловиќ и кои рани биле смртоносни ќе проценуваат балистички експерти и патолозите.