Руското Министерство за надворешни работи ги повика Приштина, САД и ЕУ да престанат со провокациите и да ги почитуваат правата на Србите на Косово, изјави официјалната претставничка на руското МНР Марија Захарова.
Захарова истакна дека одлуката на властите од Приштина од 1 август да почнат да применуваат неразумни дискриминаторски правила за присилна размена на лични документи и регистарски броеви на локалните Срби, е само уште еден чекор кон протерување на српското население од Косово.
Таа истакна дека Москва ги повикува ЕУ, САД и Приштина да престанат со провокациите.
– Косовските лидери знаат дека Србите нема да останат рамнодушни кога станува збор за директен напад на нивните слободи и тие намерно одат на ескалација за да предизвикаат воено сценарио. Секако, цел на напад е и Белград, кој Западот сака дополнително да го „неутрализира“ со рацете на косовските Албанци – рече Захарова.
Ваквиот развој на настаните е уште еден доказ за неуспехот на посредничката мисија на ЕУ, нагласи Захарова.
Ова е и пример какво место е подготвено за Белград во Европската унија, нудејќи му на Белград де факто да го трпи недостатокот на правата на своите сонародници, рече претставничката на руското МНР.
Be the first to write a comment.