Специјалните сили на косовската единица наречена РОСА тргнаа од базата „Белведере“ кон северот на Косово, јавуваат пред малку српските медиуми.

– Специјалците на РОСА се вооружени со долги цевки, а во конвојот што се движи во северниот правец има и четири водени топови, како и специјални возила наменети за разбивање демонстрации, пипува Република.рс.

Како што дознаваат медумите, правецот кон Зубин Поток бил утврден како прва цел на косовските специјалци.

– Наводно прво ќе ја нападнат блокадата кај Жупче. Се стравува дека Србите ќе одговорат на ова насилство и дека ќе има отворен конфликт, пренесува Информер.