Состојбата на северот на Косово е тензична, јавуваат медиумите.

19.31 – Србите ги блокираа административните премини Јариње и Брњак

Граѓаните ги блокираа административните премини Јариње и Брњак, а полицијата во централна Србија ги врати патничките возила кои се упатија кон административниот премин. Косовските специјалци се распоредени на административните премини Брњак и Јариње, јавува РТС.

19.17 – Петар Петковиќ: Неприфатливо!

Издавањето документи за влез-излез, односно укинување на српски лични карти за подрачјето на Косово и Метохија, како и пререгистрација автомобилите и укинување на српските таблички е неприфатливо за Белград, изјави директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, по средба со претставници на Србите од покраината.

19.13 – Косовската полиција го затвори Брњак

Околу 18:15 часот припадници на полицијата н Косово го затвори административниот премин на мостот Брњачко и со тоа го блокираше целиот сообраќај на патници и стоки преку овој премин. Идентична е ситуацијата и на административниот премин Рудница, полицијата пропушта само возила со косовски регистарски таблички, пренесува Информер.

19.08 – Голема гужва во Јариње

На преминот Јариње има голема гужва од правец на Рашка, а линијата возила се протега од Рудница до самиот премин. Според последните информации, за влез во Косово потребни се најмалку два часа, јавува Косово-онлајн.

19.03 – Албанците се собираат кај Главниот мост

Во јужниот дел на Косовска Митровица, веднаш после Главниот мост, кој ги дели северна и јужна Косовска Митровица, се собрани околу 200 Албанци, пренесува Новости.

18.58 – Специјални единици кај мостот на Ибар

Засилени сили на специјалните единици на косовската полиција се забележани во близина на мостот на Ибар. Има и членови на КФОР и италијански карабинери.

Портпаролот на косовската полиција за север Бесим Хоти изјави дека еден пат е блокиран во Зубин Поток и во Звечан. Во Зубин Поток имаше блокада кај Варага и Рудар бидејќи се прошири веста дека специјалната полиција ќе ја блокира општината, што воопшто не е точно, а таква цел нема, рече Хоти.

КФОР соопшти дека ја следи ситуацијата.