На преминот Јариње дошло до инцидент во кој бил повреден Србинот Н.В од Лешко, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во КБЦ „Косовска Митровица“, јавува Политика.
Во Јариње од синоќа, како што се навеува, се концентрирани околу 300 припадници на специјалната единица РОСА во реонот каде се наоѓаат контејнерите на граничната полиција, кои беа поставени минатата есен по упадот на специјалците, наводно поради регистарски таблички.
Да потсетиме, вечерва на полноќ треба да започне акцијата на Приштина која испрати единици на Јариње и Брњак да го запрат секој кој е со српски лични карти.
Одлуката на Приштина е од 1 август на граѓаните кои имаат документи на Република Србија при влез во Република Косово да им се издаваат потврди како замена за документи.
Be the first to write a comment.