Украинскиот пратеник Олексеј Гончаренко ѝ се закани на Србија дека Украина е подготвена да реагира и да ги заштити Албанците од како што вели, „српската агресија“.

Тој ова го објави на својот Твитер профил.

– Ако Србија го нападне Косово, ние треба да ги браниме Косовците. Украина е подготвена да дејствува со нашите војници на теренот. Србија се обидува да започне агресивна војна, токму по методот на Путин. Како што кажав, Србија е тројанскиот коњ на Путин во Европа. Војната каде било во светот е страшна, напиша тој.