По вчерашниот масакр, се огласија колегите од Националниот парк „Ловќен“ и пријателите на убиецот Вук Бориловиќ (34), и открија дека тој во последно време бил многу повлечен. Тие кажаа дека тој претерано се изолирал и дека причината за овој масакр може да биде само „помрачување на умот“.

„Вук работеше во Националниот парк повеќе од пет години, а беше и раководител на службата за амбиентална хигиена. Беше задолжен за одржување на чистотата на паркот. Беше работлив и вреден човек, но во последно време беше забележливо дека се повлече. Ќе дојдеше на работа, ќе сработеше што треба, а после тоа ќе се дистанцираше од сите колеги. Беше добар другар и знаеше да помогне на тие што ги сакаше, но се случуваше да помогне и на тие што не му беа по волја, изјави за „Побједа“ еден од пријателите и колегите на Вук Бориловиќ, кој сакал да остане анонимен.

Во Црна Гора вчера попладне околу 16 часот имаше масовно убиства во Цетиње. Загинаа десет лица, меѓу кои и две деца. Според неофицијални информации, жртвите деца се обиделе да се скријат од убиецот, но не успеале. Престрелката се случила кога Вук Бориловиќ (34) со огнено оружје уби десет лица, а рани шест.

Го убил неговиот сосед според тврдењата на надлежниот обвинител на Вишото државно обвинителство од Подгорица. Причина за масакрот наводно била семејна расправија, по што тој излегол на улица и случајно пукал во минувачите на улицата. Две ранети лица се хоспитализирани во болницата во Цетиње, додека четворица повредени се пренесени во Клиничкиот центар во Подгорица.

За Вук Бориловиќ тие што го познаваат велат дека се многу изненадени од тоа што го направил. Кажаа дека претходно работел како келнер во Националниот парк Ловќен, дека бил мирен сосед, без конфликти со полицијата или соседите. Беше ловџија, а луѓето ги уби со ловечка карабина. Во куќата имал многу оружје. По повод невидената трагедија во Цетиње, Владата на Црна Гора ќе прогласи тридневна жалост.