Голема тага во црногорскиот град Никшиќ и цела Црна Гора откако дозна дека нивната сограѓанка, младата кошаркарка Ивона Ѓикановиќ (19) ја загуби битката со тешката болест.

Таа почина по едногодишна борба со акутната леукемија. Ивона се лекуваше во Турција, но, за жал, ниту големите напори на тамошните лекари не помогнаа.

Ивона Ѓикановиќ сакала кошарка, фантазирала за спортски успеси, за за момент животот да и се претвори во кошмар. Тешка болест ја делеше од паркетот, но никогаш не изгуби надеж дека еден ден ќе може да се врати во кошевите.

За жал, таа желба никогаш нема да се оствари. Тажната вест брзо се прошири низ градот и клубовите чии бои ги бранеше – Ролинг и Никшиќ.

– Зошто Господ ги зема најубавите и најдобрите? Ивона не го ни помириса животот, а веќе ја нема – велат низ солзи бројни пријатели на семејството Ѓикановиќ.

Ивона ќе почива на новите гробишта во подножјето на Требјеша.