Германскиот репрезентативен голман Мануел Нојер е надвор од терените поради повреда со која се здоби за време на скијање, а весникот „Билд“ два месеци по незгодата излезе со детали за истата.

36-годишниот Германец се здоби со скршеница на ногата по пад, а ситуацијата била доста сериозна. Нојер имал отворена рана и обилно крварел, животот му го спасиле брзата реакција на хеликоптерскиот тим за спасување како и заштитниците кои ги носел.

За среќа на Нојер, хеликоптерот бил премногу близу до местото на неговата несреќа и реагирал навремено. Искусниот голман и понатаму е на рехабилитација и нема да игра до крајот на актуелната сезона.

Во тимот на Баерн Минхен, привремена замена за Нојер е Јан Зомер.