Бразилскиот фудбалер Хулк (36) ја запрепасти јавноста со објава во која покажа колку килограми изгубил по само еден натпревар. Имено, неговиот Атлетико Минеиро во неделата го победи Томбенсе со 2:1, а Хулк пред натпреварот имаше 97,6 килограми.

Бразилецот ги одигра сите 90 минути и во таа прилика постигна одличен гол за победа на минута пред крајот на натпреварот. Натпреварот се одигра во 11:00 часот под силно сонце со температура од 30 степени, па сето тоа значително се одрази на фудбалерите.

Колку се тешки условите за игра покажуваат и фотографиите кои Хулк ги објави на социјалните мрежи на кои се гледа дека по мечот ослабел 5,7 килограми.

Имено, по средбата тој повторно стапна на вагата, а таа тогаш покажа 91,9 килограми.

Да потсетиме, Хулк се врати во Бразил во 2021 година откако настапува за Атлетико. За бразилската репрезентација одигра 49 натпревари и постигна 11 голови.