Во косовската општина Клина, 100-годишен маж во вторникот вечерта се самоубил со рачна бомба, јавуваат утрово медиумите.

Полицијата соопшти дека околу 21 часот и 20 минути било пријавено дека дошло до експлозија во куќа, при што дежурни полициски единици излегле на местото на настанот и таму затекнале лице кое не давало знаци на живот, пренесува порталот Телеграфи.

– Имаше експлозија во куќа, а по тој повод надлежните полициски единици излегоа на местото и во куќата затекнаа лице без знаци на живот – се наведува во 24-часовниот полициски извештај.

Според познатите информации, лекарската екипа која излегла на местото на настанот можела само да констатира смрт.

Со одлука на обвинителството телото е испратено на обдукција, кога ќе се утврдат сите околности на овој настан.