Најтрофејниот тенисер во моментов, Рафаел Надал првпат стана татко откако неговата животна сопатничка Марија Франсиска Перелјо денеска во приватна клиника на Мајорка се породи.

Надал доби наследник и како што објавија медиумите тениската ѕвезда го крстил синот Рафаел.

Најдобриот тенисер моментно не ја потврдил сѐ уште веста дека станал татко, но светските медиуми објавуваат дека со неговата сопруга е сѐ во најдобар ред и без проблеми се породила во приватната клиника.

Рафа и Марија беа во врска 14 години пред да се венчаат во 2019 година и после три години брак сега го добија првото дете.