Легендарниот голман на Реал Мадрид во минатото, Икер Касилјас, имаше неколку бурни денови на социјалните мрежи.

Неговиот профил на Твитер беше хакиран, од каде се појави твит дека тој признава пред јавноста дека е всушност со геј определба.

На таквата порака, бурни беа реакциите на јавноста, па и дел од неговите фанови му замерија што решил да признае дека припаѓа на ЛЏБТ заедницата.

Но по неколку часа, тој се јави на Твитер со порака дека му бил хакиран, па вратен подоцна Твитер налогот и ги разјасни дилемите дека тоа не бил негов статус.

Денеска тој објави фотографија со натпис…. „Време е да се отпатува далеку“, што алудира на тоа дека извесен период ќе биде надвор од Шпанија.