Поранешниот капитен на бугарската репрезентација, Христо Бонев во разговорт порталот „Спортал“ зборуваше за ситуацијата во натпреварот во кој Бугарија гостуваше во Скопје.

Македонските навивачи жестоко ја исвиркаа химната на Бугарија пред почетокот на натпреварот, а Бонев вели дека ако тој бил на теренот ќе го напуштел.

„Во Скопје беше исвиркано нашето најсвет – химната! Ако јас на тој натпревар бев капитен, веднаш ќе го напуштев и теренот и земјата. За мене тоа е голема навреда која никогаш не би ја прифатил“, изјави Бонев.

Ќе потсетиме, натпреварот помеѓу Македонија и Бугарија заврши со победа на гостинската репрезентација од 0:1.