Како бебе бил оставен на скали од манастир, а на 2 години во сообраќајка ќе ја добие лузната на лицето, заради која и денес го викаат „човекот со лузна“. Вели дека се чувствува ограбен од Роналдо, а се соочи и со скандал заради секс со малолетна проститутка – Факти за Франк Рибери…

Франк Рибери (39) е еден од најпознатите француски фудбалери, кој покрај со блескавата спортска кариера привлекува доста внимание и со тажната животна приказна.

Роден е на 7-ми април 1983-та година во Болоњ сур Мер, во Франција, но како бебе бил оставен на скали од манастир и никогаш не ги запознал своите биолошки родители. Бил посвоен од страна на Франсоа и Мари-Пјер Рибери.

На само 2 години Франк заедно со семејството доживеал страшна сообраќајна несреќа во која се здобил со лузната на главата и на лицето што и денес е видлива. По несреќата лицето и главата на Франк биле сошиени со над 100 конци.

„Проблемот беше во тоа што јас седев одзади и при ударот летнав. Но, на некој начин оваа несреќа ми помогна, затоа што ме мотивираше“ – рече во една прилика Франк.

Во повеќе прилики Франк говорел за своето детство, а како што вели, додека бил дете не бил мета на потсмев само кај врсниците, туку и кај нивните родители.

„Луѓето велеа: ‘Види што има на лицето, погледни му ја главата. Каква е таа лузна? Многу е грда.’ Каде и да одев, луѓето гледаа во мене. Не затоа што бев добра личност или затоа што моето име е Франк или затоа што сум добар фудбалер, туку затоа што имам лузна.

Луѓето што говореа за мене се родители (на други деца) и тоа беше мошне сурово. Но, никогаш не се скрив во агол за да плачам, иако во себе страдав“ – рече Рибери во една прилика.

Од друга страна, тој ќе каже дека е горд на сопствената лузна и дека е среќен со изгледот на сопственото лице.

„Таа ми даде сила и го формираше мојот карактер. Мора да бидеш ментално цврст за да го поднесеш потсмевањето од другите деца и погледите од возрасните“ – рече тој.

Денес Франк Рибери е познат како „Човекот со лузна“ во фудбалот, а блескавата кариера ќе му донесе богатство од околу 70 милиони долари, според последните достапни податоци.

Во 2010-та година Франк беше вклучен во скандалот познат како Аферата Захиа, во која тој заедно со уште двајца фудбалери Карим Бензема и Сидну Гову беа фатени во француски бордел и имале односи со проститутката со мароканско потекло Захиа Дехар која била малолетна, а по 4 години, (во 2014-та) Рибери беше ослободен од сите обвиненија.

Во 2013-та година тој јавно излезе и тврдеше дека се чувствува ограбен од Кристијано Роналдо кој таа година ја доби „Златната топка“, иако Рибери таа година се најде на третото место зад Роналдо и Лајонел Меси.

На приватен план, интересно е да се напомене дека Рибери иако имал можност да биде со голем број модели и манекенки.

Но, тој се оженил за скромната Вахиба која ја запознал уште кога бил тинејџер и која пораснала во истата населба како него. Тие двајца се заедно од 2001-ва година, а во 2004-та стапија во брак.

Вахиба е муслиманка со алжирско потекло, а се знае дека и Франк во 2002-ра година го прифатил исламот и го променил името во Билал. Парот заедно има пет деца (Сеиф ел Ислам, Ијза, Шахинез, Мохамед, Келтоум и Мари-Пјер).