Харис Берковиќ се чини ја преболел Рада Манојловиќ, па неодамна се фотографираше со атрактивната русокоса за која многумина веруваат дека е неговата нова девојка.

Пејачот и мистериозната девојка направиле селфи во тоалет на ресторан, а се уште не е познато како нивната заедничка слика завршила во медиумите.

Инаку, оваа фотографија се појави во време кога се погласни се гласините дека Рада се смирила со Милан Станковиќ.

– Мојот љубовен статус е ист. Не можам да откријам… Молчам, ама кога би проговорила… Наскоро ќе ви претставам нови песни, и старо-ново момче (се смее) – изјави Манојловиќ.

Инаку, Рада по раскинувањето имаше неколку заеднички настапи со Харис, што можеше да се види од видеата кои се појавија во медиумите претходните денови.