Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров остро ги отфрли наводите дека Владимир Путин е во кома. Ова ги збуни дел од неговите следбеници на Телеграм бидејќи веста дека Путин е во кома ја објавија само неколку неверодостојни портали. Но, Кадиров реши да се справи и со нив.

„Тие приказни за Путин во кома се целосна глупост. Неодамна разговаравме и морам да ви кажам дека ми звучеше добро. Неговиот глас е весел, но и заповеднички. Тој е подготвен да стави крај на специјалната воена операција без да му наштети на украинскиот народ и нивната држава“, рече тој, пренесува Newsweek.

„Сакам драгиот Алах да му подари на нашиот претседател долг живот и многу здравје и среќа. Сите што шират вакви гласини, имам мал совет за вас. Престанете и затворете ја устата“, додаде чеченскиот лидер.