Невидена трагедија се случила денеска во Вршац, Србија, кога Марко Б. ја удавил својата ќерка (2), а потоа се обесил. Убиството во Вршац, каде што таткото Марко Б. ја удави двегодишната ќерка, а потоа се обеси, го потресе Балканот.

Марко Б. пред злосторството испратил порака до поранешната сопруга дека ќе го убие детете и ќе си го одземе животот, а полицијата по пријава на жената решила да интервенира.

Тој неодамна се развел од сопругата, но Центарот за социјална работа му одобрил на Марко да ја гледа ќерката. Трагедијата се случила нешто по 14 часот, а полициската истрага траела до 19 часот.

Како што дознава „Блиц“, телата биле однесени нешто пред 19 часот, а на самото место очевидци биле сведоци на шокантната сцена.

– Мајката на детето седеше на скалите и врескаше „дај да си го видам детето“. Ова е невидена трагедија – велат очевидци.

Според првите резултати од истрагата, таткото го удавил девојчето во кофа со вода, а потоа се обесил.

Таткото и мајката на убиеното дете биле во процес на развод, а Центарот за социјална работа и покрај противењето на мајката наредил таткото да го гледа детето.

Таа денеска во полиција пријавила дека сопругот и испратил порака во која најавува дека ќе се убие себеси и детето.